Градба, функција и болести на кардиоваскуларен систем




I.Вовед

Човекот е природно, биолошко, општествено суштество способно за апстрактно мислење.Човекот, од сите други живи суштества на планетата Земја, има најсложена градба, нашиот организам е составен од повеќе органски системи ( нервен, респираторен, дигестивен, екскреторен, кардиоваскуларен ... ) и секој од нив има своја специфична  сложена градба.Секој од овие системи има свое витално значење, а на човекот му се потребни сите овие системи за правилно функционирање.Ние денес ќе го разгледаме значењето на само еден од овие системи а тое е кардиоваскуларниот систем.
Кај човекот постојат два транспортни системи односно, крвен систем  (кардиоваскуларен систем ), и лимфен сиситем.Овие транспортни системи учествуваат во пренесувањето на хранливи материи, кислород, јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, хормони, крајни продукти на метаболизмот . . . од и до сите клетки во човековиот организам.Лимфниот систем кај човекот е од отворен тип, што значи сета течност што циркулира низ лимфниот систем на крајот излегува од организмот.Лимфниот систем го сочининуваат лимфа ( безбојна течност ), лимфни садови ( капилари, вени ), лимфни јазли и лимфоидни органи.
Кардиоваскуларниот систем кај човекот е од затворен тип, што значи сета течност што циркулира низ кардиоваскуларниот систем  не излегува од организмот. Кардиоваскуларниот систем го сочинуваат срце, крвни садови  (капилари, артерии, вени ) и крв ( црвена течност ), која е составена од крвни клетки ( ерироцити, леукоцити и тромбоцити ) и од крвна плазма ( меѓуклеточна материја ). Крвта кај човекот циркулира низ организмот со поголема брзина во споредба со брзината на циркулација на лимфата низ истиот организам.

II.Градба и физиологија на срце


            Срцето ( Cor ) кај луѓето претставува шуплив мускулен орган кој е сместен во центарот на градната празнина под градната коска ( Sternum ), меѓу двете белодробни крила ( Mediastinum ), над дијафрагмата.Срцето кај човекот има форма на тристрана пирамида, круша, со врвот завртена надолу и налево ( затоа ако ја ставиме раката на градите ќе го почуствуваме биењето на срцето од левата страна ).Кај возрасен маж срцето има тежина од околу 280 до 340 грама, а додека кај возрасна жена срцето е полесно и има тежина од околу 230 до 280 грама.Срцето лежи во срцевото кесе (Pericardium ), кое има заштитна функција.

II.1.Градба на срце




Ѕидот на срцето е изграден од три слоја:
                        I.Надворешен слој ( Epicard ).Епикардот го формира надворешниот слој од ѕидот на срцето, епикардот уште се гледа и како внатрешен слој од срцевото кесе (Pericardium ).Епикардот главно е изграден од сврзно ткиво и има заштитна функција.Во епикардот се произведува перикардна течност која го олеснува движењето на срцето во перикардот.
                        II.Среден слој ( Myocard ).Миокардот го формира средниот мускулен слој од ѕидот на срцето и најголемиот дел од масата на срцето му припаѓа на овој слој.Миокардот всушност претставува напречно – пругаст мускул и овој слој е 
функционално најзначаен слој бидејќи со контракција и деконтракција на миокардот овозможува крвта да излезе од срцето и да се движи низ целиот организам.
                        III. Внатрешен слој ( Endocard ).Ендокардот го формира внатрешниот слој од ѕидот на срцето.Овој слој главно е изграден од ендотел кој преминува и во крвни садови.

II.1.2.Внатрешност на срцето

Внатрешноста на срцето, кај луѓето, всушност ни претставува шуплина која  една надолжна мускулна преград ја дели внатрешноста на срцето на две половини, лева и десна половина.Низ десната половина циркулира редуцирана крв ( крв сиромашна со кислород ), додека низ левата половина циркулира оксидирана крв ( крв богата со кислород ).Секоја половина на срцето, преку ендотелни залистоци, е поделена на:
            I. Преткомори ( Atrium );
                        1.Десна птеркомора;
                        2.Лева преткомора.
                        II.Комори ( Ventriculus ).
1.     Десна комора;
2.     Лева комора.
            Преткоморите и коморите меѓусебно се разделени со отвори.Во внатрешноста на срцето имаме еднонасочно движење на крвта, ваквото движење на крвта претставува важен предуслов за правилно функционирање на срцето, а ваквото еднонасочно движење на крвта е овозможено преку систем на залистоци ( клапи ). Овие залистоци, што се наоѓаат меѓу отворите што ги поврзуваат преткоморите со коморите, овозможуваат преминување на крвта од преткоморите до коморите но го спечуваат враќањето на крвта назад во преткоморите.Залистоците што се наоѓаат меѓу отворите што ги поврзуваат преткоморите со коморите се наречени преткоморно – коморни залистоци, на десната половина на срцето, меѓу отворот што ги поврзува десната преткомора со десната комора, се наоѓа трилистен залисток ( составен од три јазичина ), додека на левата половина на срцето, меѓу отворот што ги поврзува левата преткомора со левата комора, се наоѓа дволистен залисток ( составен од две јазичина ).Освен што постојат залистоци што се наоѓаат меѓу отворите што ги поврзуваат преткоморите со коморите во двете половини на срцето, постојат и залистоци што се наоѓаат и меѓу отворот на големите крвни садови што излегуваат од срцето а тоа се аортата ( најголема артерија во човековото тело ) и белодробната артерија.На аортата има аортен залисток  а додека на белодробната артерија има белодробен залисток.

II.2.Поврзување на срцето со крвните садови

            Во срцето навлегуваат и излегуваат повеќе крвни садови кои имаат улога на транспорт на крвта од срцето до сите клетки во човековото тело и нејзино враќање назад до срцето.
Крви садови што излегувааат од срцето се:
            I.АортаНајголема артерија во човековото тело што излегува од левата комора и низ неа циркулира оксидирана крв;
            II.Белодробна артерија Крвен сад што носи редуцирана крв до белите дробови.
Крви садови што навлегуваат во срцето се:
            I.Горна и долна шуплива венаНајголеми вени во човековото тело.Влегуваат во десната преткомора и ја враќаат редуцираната крв од периферијата до срцето;
            II.Белодробни вениВо левата преткомора на срцето навлегуваат четири белодробни вени.Тоа се крвни садови што носат оксидирана крв од белите дробови назад до срцето.

II.3.Автоматизам на срцевата работа

Срцето има способност самостојно да се котрахира а оваа способност е возможна бидејќи во миокардот на срцето постојат два нервни јазли и еден нервен сноп составен од нервни влакна.Нервните јазли и нервниот сноп учествуваат во создавањето и спроведувањето на нервните импулси за автоматска контракција на срцевиот мускул.
Нервни јазли се:
              I.Синусен јазол ( Keith – Flack – ов, или К – А јазол ) – Овој јазол е сместен во ѕидот на десната преткомора, до местото каде што навлегува горната шуплива вена.Правилното функционирање на овој јазол е од витална важност бидејќи синусниот јазол го иницира срцевиот циклус, тој спонтано создава електрични импулси, кои се кондуктираат низ ѕидот на срцето и тие предизвикуваат контракција на срцевиот мускул, односно тој го создава импулсот за автоматска работа на срцето.Од честотата на нервните импулси кои тој ги созадава зависи и фреквенцијата на срцевата работа.
            II.Преткоморно – коморен јазол ( Aschoff – Tawara или A – B јазол ) –Овој јазол е сместен во долниот заден дел на десната преткомора.Тој претставува дел од системот за пренесување на импулси на срцето, тој ги спроведува импулсите, создадени од синусниот јазол, од предкоморите до коморите.Тој исто така со импулси ги поврзува десната преткомора и комора.
Нервнен сноп е:


             I.Хисов сноп – Хисовиот сноп претставува дел од системот за пренесување на импулси на срцето.Тој доаѓа од А – В јазолот и навлегува во мускулната преграда на срцето, која истото го дели на две половини, каде што се дели на две гранки, лева и десна и секоја од овие гранки завршува со пуркиниеви нишки. 

II.4.Физиологија на срцето

            Срцето кај човекот работи врз принципот на пумпа.Срцето се контрахира и релаксира со цел спроведување на крвта од срцето до клетките и нејзино повторно враќање назад во срцето.Оваа активност циклично се повторува и има три фази:
                       I.Фаза на контракција ( систола );
                       II.Фаза на релаксација ( дијастола );
                      III.Срцева пауза – Трае од завршетокот на систолата на коморите до почетокот на систолата на преткоморите.Во оваа фаза срцето се полни со крв.
Срцевиот циклус кај човекот се одвива во четири фаза ( етапи ):


I.Прва фаза ( етапа ) – Во оваа фаза преткоморите истовремено се полнат со крв
- Во десната преткомора се внесува редуцирана крв преку долната и горната шуплива вена.
- Во левата комора се внесува оксидирана крв преку четирите белодробни вени.
            II.Втора фаза ( етапа ) – Во оваа фаза почнува систолата на десната и левата преткомора при што крвта се пумпа во десната и левата комора, соодветно, притоа преминувајќи низ преткоморно – коморните залистоци.
III.Трета фаза ( етапа ) – Во оваа фаза залистоците меѓу преткоморите и коморите се затвораат пришто се спречува крвта да се врати назад.Потоа започнува систолата на коморите пришто се отвораат аортниот и белодробниот залисток.
            IV.Четвртта фаза ( етапа ) – Во оваа фаза редуцираната крв од десната комора се испумпува низ белодробната артерија, истовремено оксидираната крв од левата комора се испумпува низ аортата.

II.5.Циркулација на крвта низ крвните садови

            Крвта кај човекот се дижи низ посебни крви садови кои овозможуваа нејзино пренесување низ организмот.Најголеми крви садови се артериите и вените.
Артериите претставуваат големи крвни садови низ кои тече оксидирана крв, овие крвни садови се задолжени за пренесување на крв од срцето ( центарот ) па до сите клетки во човековиот организам ( периферија ).Движењето на крвта е овозможено од создадениот крвен притисок кој го создава срцето при контракција.Најголема артерија е аортата.
Вените претставуваат големи крви садови низ кои тече редуцирана крв, овие крвни садови се задолжени за враќањето на крвта од периферијата до срцето.Најголеми вени во човековото тело се горната и долната шуплива вена.

                                                       II.5.1.Белодробен ( мал ) крвоток



Белодробниот ( мал ) крвоток го опфаќа патот на движење на крвта меѓу срцето и белите дробови.Започнува со систола на десната комора каде што има редуцирана крв.Оваа крв се испумпува низ белодробната артерија и се упатува кон белите дробови.Белодробната артерија се дели на две гранки ( лева и десна ) и секоја гранка    ( соодветно ) се упатува кон левото или десното белодробно ткиво.Кога ќе стасаат артериските гранки во белите дробови на ниво на капилари настанува размена на гасови односно јаглерод диоксидот преминува од крвта до белите дроботи, а од белите дробови преминува кислород во крвта.Потоа оксидираната крв се враќа во срцето низ четирите белодробни вени кои завршуваат во левата преткомора.Со враќањето на оксидираната крв во срцето завршува малиот крвоток.


Телесниот ( голем ) крвоток го опфаќа патот на движење на крвта од срцето па до сите клетки во човековото тело.Започнува со систола на левата комора каде што има оксидирана крв.Оваа крв се испумпува низ аортата и се упатува до сите делови на телото.Од лакот на аортата се издвојуваат три крвни садови кои ги снабдуваат со крв главата, вратот и рацете.Исто така од аортата се издвојуваат и двете коронарни артерии ( лева и десна ) кои го снабдуваат срцето со оксидирана крв.Во градниот дел од аортата се одделуваат посебни артерии за сите органи кои се наоѓаат во градната празнина, освен за белите дробови.Аортата откако ќе ја помине дијафрагмата преминува во стомачната  празнина.Од стомачната аорта се одделуваат посебни артерии за сите органи кои што се наоѓаат во стомачната празнина.Потоа аортата во висина на слабинските прешлени се разгранува на две гранки што носат крв до долните екстремитети и карлицата.Артериите се разгрануваат на помали крвни садови ( артериоли, капилари ) кои ја носат крвта до сите клетки.Размената на хранливи материи настанува на ниво на капилари каде што завршува артерискиот дел од големиот крвоток.Венскиот дел од големиот крвоток започнува со венулите и помалите венски садови кои ја собираат крвта од нозете, карлицата, бубрезите и црниот дроб и преминуваат во долната шуплива вена.Од горниот дел на телото ( глава, врат, раце ) венските садови кои ја собираат крвта преминуваат во горната шуплива вена.Горната  и долната шуплива вена ја носат редуцираната крв од периферијата до срцето.

III.Болести на кардиоваскуларниот систем


            I.Артеросклероза – Артериосклерозата претставува често заболување на коронарните артерии и таа се карактеризира со натрупување на масти по ѕидовите на коронарните артерии кои можат да ја намалат или целосно да ја прекинат циркулацијата на крвта во ѕидот на срцето.
            II.Исхемична болест на срцето – Исхемичната болест се карактеризира со појава на болки во градите при одење, но болките исчезнуваат кога пациентот е во мирување.Оваа болест всушност претставува нерамнотежа меѓу миокардната понуда и побарувачна на кислород, најчесто предизвикана како резузлтат на артеросклероза на коронарните артерии.Најчеста манифестација на исхемичната болест е ангина пекторис.
            III.Ангина пекторис – претставува појава на силна болка во градите, која е резултат на недостиг на кислород во миокардот.Се јавува како последица на артериосклерозата.
            IV.Ендокардитис – Претставува воспаление на внатрешниот слој на срцето         ( ендокардот ).Воспалението најчесто го зафаќа ендокардот на залистоците.
                        IV.1.Реуматски ендокардитис – Настанува при акутна реуматска треска
                        IV.2.Бактериски ендокардити – Настануваат како резултат на некоја бактериска инфекција.
            V.Миокардитис – Претставува воспаление на средниот слој на срцето                        ( миокардот ) и ова воспаление е доста сериозно.Најчесто настанува како резултат на инфективни заболувања.
            VI.Шумови – Шум е звук кој го создава турбулентниот крвен проток.Во нормални околности движењето на крвта низ крвните садови е мирно и тивко.Но како резултат на некои структурни промени нормалниот проток на крвта може да биде нарушен и да настане чуен шум.Шумовите можат да настанат како резултат на:
                        1.Проток низ парцијална опструкција ( аортна стеноза );
                        2.Зголемен проток низ нормални структури ( аортен систолен шум асоциран со состојби на зголемен минутен волумен како анемија );
                        3.Проток низ инкомплетен залистол.
            VII.Преткоморна фибрилација ( треперење ) – Преткоморната фибрилација претставува најпозната срцева аритмија, односно неправилно чукање на срцето.Преткоморната фибрилација се карактеризира со несинхрозирана контракција и деконтракција на левата и десната преткомора.Луѓето со оваа болест може и да немаат појава на симптоми.
            VIII.Срцева слабост ( кардиомиопатија ) – Срцевото оштетување е болест која се развива кога срцевиот мускул ослабува после некоја повреда ( срцев удар, хипертензија ).Срцевата слабост денес се дијагностицира со помош на електрокардиограм ( ЕКГ ), кој ја мери електричната активност на срцето, и x – зраци, кои прават слика од срцето за анализа.Луѓето со срцева слабост најчесто се лекуваат со промена на начинот на живеење и со примена на лекови.
            IX.Срцев удар – Срцевиот удар е комплетна блокада на течењето на крвта во коронарната артерија.Блокадата ја спречува оксидираната крв да стигне до срцето.Најчеста причина за предизвикување на блокадата е артериосклерозата.Најчести симптоми се болка во градите, вртоглавица, гадење, болка во рацете, повраќање, измореност.
































































Comments